Почитувани граѓани на Општина Струмица,
Ве покануваме да се приклучите на гасоводната мрежа на ЈПЕД Струмица Гас. Оваа одлука носи значајни еколошки придобивки: значително намалување на емисиите на штетни гасови, подобрување на квалитетот на воздухот и придонес кон одржлив развој.
Општина Струмица обезбедува финансиски субвенции за олеснување на процесот, додека ЈПЕД Струмица Гас стои на располагање со отворена соработка, техничка поддршка и стручни консултации.
Контактирајте нè за детални информации и реализација.
Формулар за барање за нов приклучок овде
Со почит,
ЈПЕД Струмица Гас