Добредојдовте на официјалната страна на СТРУМИЦА-ГАС
СУБВЕНЦИОНИРАН НАДОМЕСТОК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ
Општина Струмица го субвенционира надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2024 година, домаќинствата кои ќе се приклучат на системот ќе добијат по 46.943 денари, а субвенционирањето ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен по објавувањето на Јавниот повик од страна на општина Струмица.
Домаќинствата во Струмица кои ќе се приклучат на системот за дистрибуција на природен гас ќе добијат субвенција за надоместокот за приклучување во висина од 46.943 денари. Субвенционирањето ќе го врши Општина Струмица по принципот прв дојден прв услужен по објавувањето на Јавниот повик.
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПРИРОДЕН ГАС?
Модерен начин на живот подразбира заштеда на време, пари и развивање на еколошката свест. Природниот гас е најпопуларниот извор на енергија во светот денес. Како извор на енергија е рентабилна и постигнува многу високо ниво на користење, докажани резерви на природен гас во светот ja гарантира неговата достапност за многу години. Тоа е еколошки најпогодно гориво и за време на согорувањето не остава пепел, нема емисии на своите согорените продукти што ќе предизвикаат загадување на воздухот.
- На корисникот му е директно достапен во секое време за било кој тип на употреба
- Нема потреба за инвестирање во капацитети за складирање
- Инсталацијата на природен гас обезбедува леснотија на користење и контрола на сите видови на уреди на гас.
- Високиот степен на ефикасност, чисто гориво, и резерви на природен гас гарантираат достапноста за долг временски период.
Природниот гас, кој се користи во вашето домаќинство е мешавина на гасовити јагленоводороди сo околу 95% метан. Се добива од бушотини, а потоа се транспортира до крајните потрошувачи. Природниот гас е чисто гориво со широк спектар на употреба во индустријата и домаќинствата.
- 3,5 kg дрвa
- 2,6 кг камен јаглен
- 1 литар гориво
- 9,8 kWh електрична енергија
- 0,78 килограми течен гас (пропан/бутан)