Што е гасна инсталација?

instalacija

Од гасоводот, со инсталација на куќниот приклучок го доведуваме  гасот до вашиот објект и редовно се контролира исправноста и непропустливоста на инсталацијата. На трасата на куќниот приклучок  не е дозволено да спроведете ископи, за изградба на објекти, складирање, и садење дрвја. Ако забележите било какво оштетување , пропуштање од вентили, пропуштање од мернорегулаторен сет ве замолуваме веднаш да не информирате.

Вентилите во мернорегулаторниот сет се користат за суспендирање на протокот на гас во случај на вонредна состојба или дефект на гасната инсталација. Вентилите се наоѓаат во мернорегулаторниот сет.

Мернорегулаторниот сет  го поправува и заменува Струмица-Гас. Ваша обврска е да обезбедите пристап до мернорегулаторниот сет секогаш кога тоа е потребно.

Leave Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *