TPL_BEEZ5_LOGO

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019 За унапредување на 1 (еден) административен службеник во ЈПЕД Струмица-Гас Струмица

Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници (Службен весник на РМ бр.27/14 , 199/14 , 154/15 , 05/16 , 142/16 и 11/18), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријава за унапредување , начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто , како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција и интервјуто како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и 35/18) ЈПЕД Струмица-Гас Струмица објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019 За унапредување на 1 (еден) административен службеник во ЈПЕД Струмица-Гас Струмица

ЈПЕД Струмица-Гас Струмица објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следново работно место:
1. КДР 01 02 Б04 055, Раководител на одделение за стручно административни и општи работи, Одделение за стручно административни и општи работи , 1 (еден) извршител ,

Посебни услови:
- Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Правни науки или Економски науки;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- потврда за положен испит за административно управување,
- работно искуство, и тоа:
- најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски):

Општи услови :
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Распоред на работното време:
- работни часови во неделата:40 ,
- работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот,
- паричен износ на основната плата 27.164,оо денари..

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во ЈПЕД Струмица-Гас Струмицакој ги исполнува општите и посебните услови за популнување на работното место пропишани за соодветно ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во ЈПЕД Струмица-Гас Струмица, при ова админиостративниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оценка “A” или ”Б” при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтерсираниот административен службеник,поднесува пополнета пријава и доказ за податоците содржани во пријавата преку архивата на ЈПЕД Струмица-Гас Струмица.

линк до пријавата - линк

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите услови, можат да ги приложат и следниве докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерсниот оглас.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци,ќе биде дискалификуван од понатамошна постапка по овој оглас.


ЈПЕД Струмица-Гас
Директор
Благој Милановиќ