TPL_BEEZ5_LOGO

Природен гас

Природниот гас претставува гас без боја, без мирис, кој е проѕирен во својата чиста форма, исклучиво е запалив и при тоа дава голема количина на енергија. Обично се наоѓа како гасна капа во нафтени наоѓалишта иако не е ретко да се пронајде и без присуство на нафта. Полесен е од воздухот затоа што неговата густина е помала од густината на воздухот.
Природниот гас е гасна смеша од согорливи и несогорливи гасови. Составот на природиот гас е претежно метан а содржи и други гасови, етан, пропан бутан и пентан. Во својата најчиста форма тој е скоро чист метан. Претставува исклучиво вредна енергетска и хемиска суровина која поседува значајна технолошка/економска и еколошка вредност во однос на останатите горива. Природниот гас е идеално гориво кое лесно се меша со воздухот,има исклучителна брзина на согорување без дим, ги согорува цврстите остатоци и не ја загадува околината. Искуството од земјите со долгата традиција на користење на природниот гас покажува дека тој е еден од најбезбедните енергенси.
Денес природниот гас повеќекратно се користи како во индустријата така и за комерцијална употреба  во широката потрушувачка.  

Технички карактеристики на гасот
Составот на природниот гас го сочинуваат метан (CH4)97%, етан(C2H6) 0,91%, пропан(C3H8)0,36%, бутан(C4H10)0,16%, пентан(C5H12), јаглен-диоксид 0,52%, кислород 0,08%, азот 0,93% и други гасови во помали количини.
На природниот гас се додава средство со јак непријатен и карактеристичен мирис (одорант) за да може природниот гас кој е без мирис, да добие специфичен мирис за да може полесно да се открие течењето на гасот од гасната инсталација. Самиот процес на додавање на мирис на природниот гас се нарекува одорозација. Мирисот согорува заедно со природниот гас, а продуктите за согорување немаат непријатен мирис.
Долната топлинска моќ се движи во границите Hd=33.00 MJ/nm3 - 33.90 MJ/nm3, а релативната густина е 0.562kg/Nm3. Природниот гас се мери во нормални метри кубни (Nm3). Еден нормален метар кубен е количина на природен гас кој се наоѓа во волумен од 1m3 при апсолутен притисок од 1,01325bar и при температура од 20°С.