TPL_BEEZ5_LOGO

Услуги

Јавното претпријатие за енергетски дејности “СТРУМИЦА-ГАС” – Струмица како главни услужни дејности ги има дистрибуцијата на природен гас и снабдувањето со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас на територијата на Општина Струмица. За таа цел ЈПЕД „Струмица-Гас“ се има здобиено со две лиценци; Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на природен гас со УП1 11-209/12 од 09-01-2013, Одлука за издавање на Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас со Уп бр.11-209/12 од 20.12.2016 год. и  Одлука за издавање на Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас бр. Уп бр.11- 209/12 од 23.12.2016 год. издадени од Регулаторна комисија за енергетика на република Македонија.

ЦЕНОВНИК за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за 2018

Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територијата на Општина Струмица, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица. Цената на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица е определена во согласност со Методологијата за определување на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица дадена во мрежните правила на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица одобрени од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Решение Бр. 02 – 923/1 од 28.04.2015 година.

1.     Стандарден приклучок      

            Стандарден приклучок е приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем со мерно-регулаторен сет (МРС), со максимален проток не поголем од 9.6 nm³/h, во кој се вградени стандардизирани уреди и материјали, при чија изградба се извршуваат стандардни работи и кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем не повеќе од 12 m.

Цена за изработка на стандарден приклучок, со вградување на мерно регулационен сет (изразена во еур)

Тип МРС

G4

G6

Основна цена

508

736

18% ДДВ

92

132

ВКУПНО

600

868

             Цената за изработка стандарден приклучок го опфаќа материјалот, опремата и работите изведени за должина на приклучок до 12 метри со вграден мерно - регулационен сет.

2.     Нестандарден гасен приклучок

            Нестандарден приклучок се смета:

1.    Стандарден приклучок кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 m

-        За КГП кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 метри цената за приклучување се формира така што на цената на стандардниот приклучок се доплаќа за земјено градежните работи  и полиетиленската цевка за разликата над 12 метри, според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.

2.    Приклучок со мернорегулаторна станица со вградени повеќе од еден мерач.

3.    Приклучок кај правни лица (стопански објекти) со МРС со капацитет поголем од 9.6 nm³/h

А. Цена на мерно регулациони станици за стопански објекти (изразена во еур). Цените за МРС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници за 2018 година

Тип МРС

МРС со повеќе мерачи тип G4

Четири мерачи

Шест мерачи

основна цена

1.377

2.132

18% ДДВ

248

384

ВКУПНО

1.625

2.515

Тип МРС

G10

G16

G25

G40

G65

G100

G160

основна цена

1.403

1.574

1.993

6.197

7.214

8.155

9.488

18% ДДВ

253

283

359

1.116

1.299

1.468

1.708

ВКУПНО

1.656

1.857

2.352

7.313

8.513

9.623

11.196

Б. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни (спојни) елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.

В.  Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и

создавање на други услови за изградба.

Цената за приклучување на правни субјекти - нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б и В.

4.    Приклучоци на станбени, деловни и станбено-деловни објекти со една регулаторна и две или повеќе мерни станици.

А. Цена на регулаторни станици (изразена во еур). Цените за РС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за 2018 година

Тип РС

Qmax=104 Nm³/h

Qmax=160 Nm³/h

Qmax=256 Nm³/h

основна цена

3.627

4.974

4.974

18% ДДВ

653

895

895

ВКУПНО

4.280

5.869

5.869

Б. Цена на мерни станици (изразена во еур). Цените за МС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за 2018 година

Тип МС

G4

G6

основна цена

233

324

18% ДДВ

42

58

ВКУПНО

275

382

В. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.

Г.  Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и

создавање на други услови за изградба.

Цената за приклучување на овј тип на нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б, В и Г.

Сите Цени се дадени во евра и се наплатуваат во денарска против вредност по среден курс на НБМ на денот на уплатата.

ЦЕНОВНИК за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за период Август 2016/ Август 2017

Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територијата на Општина Струмица, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица. Цената на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица е определена во согласност со Методологијата за определување на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица дадена во мрежните правила на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица одобрени од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Решение Бр. 02 – 923/1 од 28.04.2015 година.

1.      Стандарден приклучок     

          Стандарден приклучок е приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем со мерно-регулаторен сет (МРС), со максимален проток не поголем од 9.6 nm³/h, во кој се вградени стандардизирани уреди и материјали, при чија изградба се извршуваат стандардни работи и кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем не повеќе од 12 m.

Цена за изработка на стандарден приклучок, со вградување на мерно регулационен сет (изразена во еур)

Тип МРС

G4

G6

Основна цена

508

706

18% ДДВ

92

127

ВКУПНО

600

833

          Цената за изработка стандарден приклучок го опфаќа материјалот, опремата и работите изведени за должина на приклучок до 12 метри со вграден мерно - регулационен сет.

2.       Нестандарден гасен приклучок

          Нестандарден приклучок се смета:

1.     Стандарден приклучок кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 m

-       За КГП кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 метри цената за приклучување се формира така што на цената на стандардниот приклучок се доплаќа за земјено градежните работи  и полиетиленската цевка за разликата над 12 метри, според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.

2.     Приклучок кај правни лица (стопански објекти) со МРС со капацитет поголем од 9.6 nm³/h

А. Цена на мерно регулациони станици за стопански објекти (изразена во еур). Цените за МРС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017

Тип МРС

G10

G16

G25

G40

G65

G100

G160

основна цена

1.331

1.493

1.891

6.058

7.052

7.972

9.275

18% ДДВ

240

269

340

1.090

1.269

1.435

1.669

ВКУПНО

1.571

1.762

2.231

7.149

8.322

9.407

10.944

Б. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни (спојни) елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.

В.  Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и

создавање на други услови за изградба.

Цената за приклучување на правни субјекти - нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б и В.

3.     Приклучоци на станбени, деловни и станбено-деловни објекти со една регулаторна и две или повеќе мерни станици.

А. Цена на регулаторни станици (изразена во еур). Цените за РС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017

Тип РС

Qmax=40 Nm³/h

Qmax=104 Nm³/h

Qmax=160 Nm³/h

Qmax=256 Nm³/h

основна цена

1.398

3.514

4.870

4.870

18% ДДВ

252

633

877

877

ВКУПНО

1.650

4.147

5.747

5.747

Б. Цена на мерни станици (изразена во еур). Цените за МС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017

Тип МС

G4

G6

основна цена

227

312

18% ДДВ

41

56

ВКУПНО

268

369